Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека во наредните два месеци ќе се изведуваат градежни работи на локацијата на ССОУ “Јовче Тесличков“, во однос на реализација на инвестициски проект Реконструкција на кров на ССОУ “Јовче Тесличков“. Градежните активности ќе се одвиваат согласно Основен проект за реконструкција на кров на ССОУ Јовче Тесличков Велес, со техн.бр.103/2016 од октомври 2016 година, како и согласно издаденото Решение за реконструкција бр.1309-184 од 18.01.2019 година.

Реконструкцијата на стариот кров на ССОУ “Јовче Тесличков” претставува замена на азбестните плочи кои веќе не се во употреба и секаде каде што ги има е потребна нивна замена. Извршувањето на градежните активности ќе биде во согласност со Правилник за начинот на постапување со отпад од азбест и со отпад од производи што содржат азбест, Сл. весник на РМ бр. 68/04, 71/04 и 2014/09) .

Работите ќе ги изведува фирмата ИЗГРАДБА-КОМЕРЦ ДООЕЛ, а ивеститор на работите е Министерство за финансии како и Општина Велес со сопствени средства, со цел подобрување на условите за образование на децата во ССОУ “Јовче Тесличков“.

Притоа Ве известуваме дека:

  • пристапот на учениците/децата/родителите и персоналот до училиштето ќе биде непречен и ќе се одвива со нормален тек. Пред да се започне со градежните активности, најпрво ќе се обележи и огради местото каде ќе се складира материјалот и ќе се спречи пристап на неквалификувани лица за време на траењето на работите. Ве молиме постојано да ги информирате учениците/децата за забрането движење и играње позади ограничувачките ленти/мрежи заради нивна безбедност.

Ве молиме за разбирање и соодветно прилагодување од Ваша страна за потребите на брзо и навремено спроведување на градежните работи.

ОПШТИНА ВЕЛЕС
ГРАДОНАЧАЛНИК,  
Аце Коцевски