Од утре 10.01.2020 година, започнува реконструкција на водоводна линија на улица „Богдан Каракостев“, поради што за време на изведување на активностите ќе се применува времен режим на сообраќај.
Aпелираме за внимателно возење и движење на пешаците во зоната на изведување на градежните работи како и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.