Во пресрет на Денот на екологијата, Општина Велес Ве поканува на настан од забавно едукативен карактер преку кој низ дружење, игра и забава ќе се промовира начинот на правилното отстранување на отпадот.
Овој настан подигнување на свесноста за важноста од правилно отстранување на отпад е дел од активностите на проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“ во кој партнери се Хабитат Македонија, општина Велес и Шуто Оризари, а е со финансиска поддршка на Европска Унија. Во кампањата за правилно отстранување отпад активно учествуваат и Јавното комунално претпријатие Дервен од Велес, фондацијата Фокус и членовите на Локалната лидерска група од Велес формирана за поддршка на проектот.
Настанот ќе се одржи на 04.06.2007г. (сабота) во Младинскиот парк со почеток во 11.00 часот.
Првиот дел од настанот е едукативен со следниве содржини:
- Натпревар каде ќе извршат правилна селекција на отпад во поставени канти за селекција (хартија/картон, пластика и комунален отпад),
- Изработка на фигури од отпадната хартија
- Изработка на цртежи на тема: “ЧИСТ ГРАД”
Во вториот забавниот дел на настанот, учествуваат балетското студио „Анабела“, ансамблот „Керамичар“ и КУД „Коле Неделковски“ .
Водител на настанот е Ана Милевска Георгиева.
За чист дом, за здрав живот – Фрлај го отпадот на означеното место!
Со почит,
Општина Велес