Градоначалникот на Општина Велес
ОБЈАВУВА
Издавање на Б-Интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), Градоначалникот на Општина Велес издаде Б – Интегрирана еколошка дозвола на:
Подносител на барањето:
Друштво за производство и трговија на крзно и крзнени производи Димко Митрев АД увоз-извоз Велес, за инсталацијата за преработка на сурова овчка кожа со капацитет на обработка до 5 т/ден и готово крзно и крзнени производи со капацитет на производство до 1,2 т/ден, лоцирана на ул. Димко Најдов бр. 94, Велес.
Седиште на операторот:
ул. Димко Најдов бр. 94, Велес
Локација на инсталацијата:
ул. Димко Најдов бр. 94, Велес
Контакт лице:
Ѕвездан Ацевски – овластено лице за заштита на животна средина,
Категорија на инсталација:
Прилог 2 Точка 6. Останати активности
6.3. Постројки за штавење сурова кожа и кожа со капацитет на обработка поголем од 0,5 т/ден, а помал од 12 т/ден готов производ
Б-Интегрирана еколошка дозвола e објавена на увид на заинтересираната јавност на www.veles.gov.mk