Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), Градоначалникот на Општина Велес издаде Б – Интегрирана еколошка дозвола на:
Подносител на барањето:
Прехранбена индустрија “КРИСТАЛ 1923” АД Велес, за инсталацијата за производство на растително масло за jадење, маргарин, кондиторски производи (таан и таан алва, локум, желе, мармалади), оцет, зачини и масни киселини со капацитет од 100 т/ден готов производ,
Седиште на операторот:
ул. Алексо Демниевски бр.18, Велес
Локација на инсталацијата:
ул. Алексо Демниевски бр.18, Велес
Контакт лице:
Олгица Стојанова – директор за производство и одржување,
Категорија на инсталација:
Прилог 2
- Останати активности
6.3.(б) Oбработка и преработка наменети за производство на храна од:
-Растителни суровини со капацитет на производство на готови производи од 30 до 300 т/ден (просечна вредност на квартална основа)
Б-Интегрирана еколошка дозвола e објавена на увид на заинтересираната јавност на www.veles.gov.mk