По повод смртта на академскиот сликар и професор во пензија, Ангел Петров, утре (понеделник), 6 јули 2020 година, со почеток во 09:30 часот, во просториите на Општина Велес (Голема сала), ќе се одржи комеморативна седница. Воедно, ќе биде отворена и книга на жалост во која може своето сочувство да го изразат сограѓаните и почитувачите на уметничкото дело на Петров. Поради актуелната состојба со Ковид-19, Општина Велес апелира за време на комеморативната седница да се почитуваат мерките за заштита и превенција од ширење на Корона вирусот.