Почитувани,

Општина Велес со седиште на ул.„Панко Брашнар“ бр 1 во Велес, има потреба за изработка на конкурс за идејно решение: „Изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за уредување на делови од централно градско подрачје во Велес“.

За таа цел договорниот орган спроведува Конкурс за избор на идејно решение како посебна постапка со доделување награди, во согласност со Член 71 став 3, Член 126 и член 127 од Законот за јавни набавки (Службен весник на РСМ бр 24/2018) за што објавува конкурс бр 001/2019.

Конкурсот е анонимен, а право на учество имаат сите правни лица кои се регистрирани за вршење на дејност од областа на архитектурата и урбанизмот и физички лица – дипломирани инженери архитекти и студенти по архитектура.

Конкурсниот труд се доставува по пошта или лично во архивата на ул.„Панко Брашнар“ бр.1 Велес, најдоцна до 22.01.2020 до 12.00 часот (по локално време). За трудовите испратени по пошта краен рок е датумот и часот на поштенскиот печат во горе споменатиот рок за предавање. За трудовите испратени по пошта краен рок е датумот и часот на поштенскиот печат во горе споменатиот рок за предавање.

Конкурсната документација може да се превземе преку веб страната на Бирото за јавни набавки (www.e-nabavki.gov.mk) и на веб страната на Општина Велес (www.veles.gov.mk).

Конкурсната документација ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат во изработка на идејното решение.

Отварањето на конкурсните трудови нема да биде јавно и ќе се изврши на датум и час определен како краен рок за поднесување на конкурсните трудови во просториите на Општина Велес. Оценувањето на трудовите ќе го врши Жири комисија составена од 9 (девет) члена – вработени во Општина Велес.

На конкурсот е потврдено доделување на следниве награди/откупи:

  • Прва награда во износ од 100.000,00 ден. без ДДВ
  • 2 (две) откупни награди во поединечен износ од по 30.000,00 ден. без ДДВ

Лица за контакт:

Дејан Јовановски, телефон за контакт 070/224 546, електронска адреса dejan.jovanovski@veles.gov.mk

Јадранка Митевска, телефон за контакт 078/216 224, електронска адреса jadranka.mitevska@veles.gov.mk

Општина Велес, Ноември 2019 год.

Комплетната конкурсна документација можете да ја превзмете од линкот подолу.