На денешната седница, Општинскиот штаб за заштита и спасување донесе одлука Малото пазарче во Нова населба и понатаму да остане затворено затоа што се наоѓа во затворен простор, а граѓаните можат да го користат Градскиот пазар каде е дозволена продажба на прехранбени, земјоделски и други производи.

Како што соопшти градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција, укината е реорганизацијата на просторот помеѓу тезгите. Со цел да се применат сите можни превентивни мерки за заштита на граѓаните, Општинскиот штаб одлучи редовна контрола на пазарот да вршат редарите и да се ограничи бројот на посетители на двата влеза од самиот пазар.