„Со поддршка на Владата и Агенцијата за млади и спорт деновиве ги финализираме подготовките за реализација на проектот за отворање на Младински креативен центар во Велес”, изјави градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, на денешната прес конференција пред новинарите.

Во рамки на Центарот, кој ќе биде лоциран во расположивите простории на локалната библиотека „Гоце Делчев“, ќе се создадат услови и простор за потребите на младите велешани каде ќе можат да ги изразат своите креативни и развојни потенцијали. „Верувам дека уште на почетокот на наредната година, со реализацијата на активностите за набавка на опрема за мултимедијални активности и киноприкажување во вредност од околу 50.000 евра од буџетот на општината и со уредувањето на Младинскиот креативен центар, Велес ќе добие мултимедијален простор кој ќе го користат младите од Општина Велес каде ќе може да се развиваат и креативно да се изразуваат” рече Коцевски.