Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека сите општествено одговорни компании, правни и физички лица можат да извршат уплата на парични средства кои наменски ќе се искористат за доделување на финансиска помош на семејства, односно поединците кои ја изгубиле својата работа како последица на настанатата ситуација со Covid19 (коронавирус).

Средствата ќе се распределуваат преку сметка на ОО Црвен крст – Велес, од страна на посебно формирана Комисија која со јасни и определени критериуми ќе врши распределба на донираните средства.

Број на сметка: 200000001663445

Цел на дознака: ПОМОШ ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА (COVID-19)

Депонент: Стопанска банка

Примач: Општинска организација на Црвен крст, Велес

Воедно можноста за донација на сите заинтересирани физички и правни лица, општествено одогворни компании и други, се однесува и на донирање неготвена храна (конзервирана, пакована, со подолг рок на траење).

Ученичкиот дом „Лазар Лазаревски”, Велес е одреден за пункт за собирање на овие продукти. Донираната храна ќе биде дистрибуирана преку утврдени податоци од страна на Центарот за социјални работи, во соработка со  волонтерите на ОО Црвен крст, Велес и мобилните општински тимови.

Телефон преку кој може да се оствари контакт во врска со донацијата:

078 254 729

Со почит, 
Општина Велес