Во рамки на втората фаза на РОМАКТЕД програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ 2021-2024 се одржа информативна средби во Општина Велес.
На средбата учествуваа Градоначалникот Аце Коцевски претставници на општинската администрација како и националниот тим за поддршка на имплементацијата на РОМАКТЕД II Програмата составен од програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје како и Институтот за истражување и анализа на политиките – Ромалитико.
Тимот за поддршка на имплементацијата на оваа програма ги информираа локалните власти за концептот и целите на втората фаза на РОМАКТЕД програмата. На средбата беше истакнато дека втората фаза на РОМАКТЕД програмата е поддршка на локалните власти да ги интегрираат специфичните активности/мерки за Ромите во главните локални политики, акционите планови поврзани со овие политики, буџетите и испораката на јавни услуги, со што ќе се зајакне демократското учество и зајакнување на локалната ромска заедница.
Покрај воведот во втората фаза на РОМАКТЕД програмата со Градоначалникот Коцевски беа дискутирани можностите и структурите за подобра координација и имплементација на програмата. Исто така Градоначалникот даде краток осврт на реализираните активности во рамки на тековните проекти кои општината ги спроведува во партнерство со други организации и донатори како и краток осврт на реализирани активности во рамки на програмата за работа на општината.
РОМАКТЕД II програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ 2021-20214 е финансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа.