ИЗВЕСТУВАЊЕ

за изработка на Нацрт-Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) за бензиска пумпна станица на дел од КП 1541/18 КО КАРАСЛАРИ – Општина Велес.

Податоци и информации:

  1. Назив на органот: Општина Велес

Адреса: ул. “Панко Брашнар” бр.1 Велес

  1. Назив на планскиот документ: Локална урбанистичка планска документација за бензиска пумпна станица на дел од КП 1541/18 КО КАРАСЛАРИ – Општина Велес.

Краток опис на документот: Од страна на Општина Велес започната е постапка за донесување на Локална урбанистичка планска документација за бензиска пумпна станица на дел од КП 1541/18 КО КАРАСЛАРИ – Општина Велес. Се работи за локална урбанистичка планска документација со површина од 0,55ha која во поголемиот дел е со предвидена класа на намена Е2-Комунална супраструктура (бензиска пумпна станица).Површината на планскиот опфат е изградено земјиште и во најгоелм дел е наменет за Комунална супраструктура.

Планскиот документ на КП 1541/18 КО Караслари се наоѓа на релативно рамен терен, поволен за градба, на атрактивна локација која е надвор од градот, а е во близина на автопат А1.

Планот се покажува како соодветен бидејќи се наоѓа во близина на автопат и секоја друга намена би била несоодветна, а со реализација се овозможува локацијата да прерасне како единствена, просторна и функционална целина кој ќе даде придонес за развој на локалната и националната економија.

  1. Назив и број на документ:Известување за спроведување на стратегиска оценасо бр. УП1-15-1228/2019 од 02.09.2019г. од Министерство за животна средина и просторно планирање.
  2. Засегнати органи:Министерство за животна средина и просторно планирање, Градоначалник на Општина Велес, Министерство за транспорт и врски, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопаснтво, ЕВН и др.
  3. Редослед на активностите во постапката за донесување на планскиот документ: Просторот во рамките на планскиот опфат досега не е третиран со урбанистичка планска документација. За конкретниот опфат издадени се Услови за планирање на просторот кои произлегуваат од Просторниот план на Република Македонија со тех.бр. 21113 од декември 2013г.
  4. Засегната јавност:
  5. Месна заедница Караслари
  6. Начин на вклучување на засегнатата јавност: Сите информации во врска со Нацрт-Извештајот за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Локална урбанистичка планска документација за бензиска пумпна станица на дел од КП 1541/18 КО КАРАСЛАРИ-Општина Велес ќе биде достапна на www.veles.gov.mk. и секој работен ден во просториите на општина Велес од 07:30 до 15:30 часот.

Граѓаните на посебен формулар може да ги дадат своите забелешки во однос на Извештајот; во рок од 30 дена од денот на објавување.

Јавната расправа ќе се одржи на 25.10.2019г (петок) во просториите на Општина Велес, со почеток во 12 часот.

  1. Дополнителни информации поврзани со изработката на документот:

Зоната на планскиот опфат е во непосредна близина на автопат А1 (од граница со Р.Србија до граница со Р.Грција). Со ова се зголемува атрактивноста и вредноста на зоната за инвестиции и се зголемува вредноста на земјиштето.

Влијанијата врз животната средина се очекуваат во фаза на спроведување на планот при градба и во фаза на работење на објектот кои ќе се решат со засебни документи за влијание врз животната средина – студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина или елаборат за заштита на животната средина.

Целта на Стратегиската оцена е да се интегрира заштитата на животната средина и здравјето на луѓето во процес на подготвување и донесување на плански документи преку експертска проценка и проценка на јавноста пред донесување на истите.

Новото планско решение ќе има позитивен, долготраен ефект заради зголемување инвестициите во општината и отворање на нови работни места, а со тоа воспоставување на одржлив економски развој.

Оделение за заштита на
животната средина

Раководител,
Билјана Шуркова Манаскова


Извештај
ЛУПД за бензинска пумпна на дел од КП 1541/18, КО Караслари
Формулар за забелешки