ИЗВЕСТУВАЊЕ

за изработка на Нацрт-Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за УПВНМ за Стопански комплекс од група на класи на намена Г(производство, дистрибуција и сервиси) со основна класа на намени Г2-лесна и незагадувачка индустрија на КП 1019/4, КП 1015/1 и КП 1016/1, КО Башино село– Општина Велес.

Податоци и информации:

  1. Назив на органот: Општина Велес

Адреса: ул. “Панко Брашнар” бр.1 Велес

  1. Назив на планскиот документ: Урбанистички План вон населено место за Стопански комплекс од група на класи на намена Г(производство, дистрибуција и сервиси) со основна класа на намени Г2-лесна и незагадувачка индустрија на КП 1019/4, КП 1015/1 и КП 1016/1, КО Башино село– Општина Велес.

Краток опис на документот: Од страна на Општина Велес започната е постапка за издавање на услови  за планирање на просторот за изработка на Урбанистички План вон населено место со површина од 4013,14м2. УПВНМ е за Стопански комплекс од група на класи на намена Г(производство, дистрибуција и сервиси) со основна класа на намени Г2-лесна и незагадувачка индустрија.

Планскиот документ на КП 1019/4, КП 1015/1 и КП 1016/1, КО Башино село се наоѓа на релативно рамен терен, поволен за градба, на атрактивна локација која е во близина на магистралниот пат А1.

Планот се покажува како соодветен бидејќи се наоѓа во близина на магистрален и регионален пат и секоја друга намена би била несоодветна, а со реализација се овозможува локацијата да прерасне како единствена, просторна и функционална целина кој ќе даде придонес за развој на локалната и националната економија.

  1. Назив и број на документ:Известување за спроведување на стратегиска оценасо бр. УП1-15-1676/2019 од 02.12.2019г. од Министерство за животна средина и просторно планирање.
  2. Засегнати органи:Министерство за животна средина и просторно планирање, Градоначалник на Општина Велес и Министерство за транспорт и врски.
  3. Редослед на активностите во постапката за донесување на планскиот документ: Просторот во рамките на планскиот опфат досега не е третиран со урбанистичка планска документација. За конкретниот опфат издадени се Услови за планирање на просторот кои произлегуваат од Просторниот план на Република Македонија изготвен од страна на Агенција за планирање на просторот.
  4. Засегната јавност:

            Месна заедница Башино село.

  1. Начин на вклучување на засегнатата јавност: Сите информации во врска со Нацрт-Извештајот за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за УПВНМ за Стопански комплекс од група на класи на намена Г(производство, дистрибуција и сервиси) со основна класа на намени Г2-лесна и незагадувачка индустрија на КП 1019/4, КП 1015/1 и КП 1016/1, КО Башино село– Општина Велес.

е достапна наwww.veles.gov.mk.

Граѓаните на посебен формулар може да ги дадат своите забелешки во однос на Извештајот; во рок од 30 дена од денот на објавување.

Јавната расправа ќе се одржи на 14.01.2020г.(вторник) во просториите на Општина Велес, со почеток во 12 часот.

  1. Дополнителни информации поврзани со изработката на документот:

Зоната на планскиот опфат е во непосредна близина на магистралниот патен правец  А1 (од граница со Р.Србија до граница со Р.Грција) и регионален пат Р 1102 (Скопје-Гевгелија). Со ова се зголемува атрактивноста и вредноста на зоната за инвестиции и се зголемува вредноста на земјиштето.

Влијанијата врз животната средина се очекуваат во фаза на спроведување на планот при градба и во фаза на работење на објектот кои ќе се решат со засебни документи за влијание врз животната средина – студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина или елаборат за заштита на животната средина.

Целта на Стратегиската оцена е да се интегрира заштитата на животната средина и здравјето на луѓето во процес на подготвување и донесување на плански документи преку експертска проценка и проценка на јавноста пред донесување на истите. Новото планско решение ќе има позитивен, долготраен ефект заради зголемување инвестициите во општината и отворање на нови работни места, а со тоа воспоставување на одржлив економски развој.


УПВНМ КО Башино село за Стопански комплекс со намена Г2
СЕА форма
Формулар