Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15,192/15, 39/16, 99/18), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (”Службен весник на РМ“ број 147/08, 45/11), Општина Велес го објавува следното:
ИЗВЕСТУВАЊЕ
за изработка на Нацрт-Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија на КП 1879, КП 1880 и КП 1881/1 КО Оризари-вон град, Општина Велес.
Податоци и информации:
- Назив на органот: Општина Велес
Адреса: ул. “Панко Брашнар” бр.1 Велес
- Назив на планскиот документ: Локална урбанистичка планска документација за Г2-лесна и незагадувачка индустрија на КП 1879, КП 1880 и КП 1881/1, КО Оризари-вон град, Општина Велес.
- Краток опис на документот: Од страна на Општина Велес започната е постапка за издавање на услови за планирање на просторот за изработка на Локална урбанистичка планска документација на КП 1879, КП 1880 и КП 1881/1 КО Оризари-вон град со површина на планскиот опфат од 16497м2 односно 1,65 ha. Планскиот опфат зафаќа земјиште градежно неизградено и се наоѓа на релативно рамен терен, поволен за градба. Реализацијата на Локалната урбанистичко-планска документација ќе предизвика позитивни импулси и ефекти врз целото непосредно опкружување од аспект на повисока организација, инфраструктурна опременост и уреденост на просторот и економски ефекти манифестирани преку привлекување на нова работна сила и вработување, доколку е базирано врз принципите на одржлив развој и почитување на нормативите и стандардите за заштита на животната средина.
- Назив и број на документ: Известување за спроведување на стратегиска оцена со бр. УП1-15-1130/2020 од 19.08.2020 год. од Министерство за животна средина и просторно планирање.
- Засегнати органи: Министерство за животна средина и просторно планирање, Општина Велес и Министерство за транспорт и врски.
- Редослед на активностите во постапката за донесување на планскиот документ: Просторот во рамките на планскиот опфат досега не е опфатен со урбанистичка планска документација. За конкретниот опфат издадени се Услови за планирање на просторот согласно Просторниот план на Република Македонија.
- Засегната јавност:
Месна заедница Горно Оризари
- Начин на вклучување на засегнатата јавност: Сите информации во врска со Нацрт-Извештајот за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за ЛУПД за Г2 лесна индустрија на дел од КП 1879, КП 1880, КП 1881/1, КО Оризари-вон град, Општина Велес е достапна на www.veles.gov.mk.
Граѓаните на посебен формулар може да ги дадат своите забелешки во однос на Извештајот; во рок од 30 дена од денот на објавување.
Јавната расправа ќе се одржи на 02.10.2020г.(петок) во просториите на Општина Велес, со почеток во 10 часот.
- Дополнителни информации поврзани со изработката на документот:
Влијанијата врз животната средина се очекуваат во фаза на спроведување на планот при градба и во фаза на работење на објектот кои ќе се решат со засебни документи за влијание врз животната средина – студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина или елаборат за заштита на животната средина.
Целта на Стратегиската оцена е да се интегрира заштитата на животната средина и здравјето на луѓето во процес на подготвување и донесување на плански документи преку експертска проценка и проценка на јавноста пред донесување на истите.
Новото планско решение ќе има позитивен, долготраен ефект заради зголемување инвестициите во општината и отворање на нови работни места, а со тоа воспоставување на одржлив економски развој.