Денес велешката болница официјално ја прими долгоочекуваната донација од германската компанија Дрекселмајер. Се работи за санитетско возило со кое ќе се зголеми возниот парк на болницата. Ова ќе придонесе за подобрување на ефикасноста и ефективноста на услугите кои болницата ги нуди кон граѓаните на Општина Велес.


„И во иднина ќе реализираме многу проекти во овој регион. Ме радува и што имаме 750 вработени од Велес“, истакна Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекселмајер Македонија.
„Болницата имаше проблеми во возниот парк, имавме недостаток на санитетски возила, постоечките често се расипуваа. Ова возило ќе биде од голема корист за граѓаните на Велес но и за пациентите од целиот регион кои доаѓаат кај нас”, рече д-р Божидар Бојаџиев, директор на велешката болница.