Во организација на Општинската Организација на Сојузот на Борците на Македонија – Велес, денес се одбележа 77-годишнината од бруталното убиство на народниот херој и член на Велешкиот партизански одред, Благој Страчковски.
Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски и делегации на ОО на СБМ – Велес, семејството Страчковски и јавните институции, пред спомен обележјето во младинскиот парк положија цвеќе и одржаа говор, при што ги истакнаа храбрите подвизи на Страчковски, кој на 23 години загинува во Народноослободителната борба, со што му оддадоа достојна почит.