По повод 78 годишнината од свирепото убиство на народниот херој и член на Велешкиот партизански одред, Благој Страчковски, делегација од претставници на Општина Велес, положи свежо цвеќе пред спомен бистата во Младински парк.

Во чест и спомен на Страчковски, свежо цвеќе пред спомен обележјето положија и членови на неговото семејство како и претставници од Работнички Универзитет што го носи неговото име.

Благој Страчковски е истакнат борец за слобода со бројни херојски подвизи. Животот му завршува на 23 годична возраст, кога е убиен на мошне брутален начин од страна на окупаторот.