ОДБЕЛЕЖАНА 78 ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА БЛАГОЈ СТРАЧКОВСКИ

По повод 78 годишнината од свирепото убиство на народниот херој и член на Велешкиот партизански одред, Благој Страчковски, делегација од претставници на Општина Велес, положи свежо цвеќе пред спомен бистата во Младински парк. Во чест и спомен на Страчковски, свежо цвеќе пред спомен обележјето положија и членови на неговото семејство како и претставници од Работнички…