79-годишнината од смртта на поетот и револуционер Коле Неделковски денес беше одбележана во кругот на средното стручно општинско училиште кое го носи неговото име.
Со положување цвеќе, пред бистата на великанот во ССОУ „Коле Неделковски” почит оддадоа делегации од Општина Велес, предводена од Градоначалникот Аце Коцевски, делегација од истоименото училиште и клубот на писатели „Коста Солев Рацин” од Велес.
Коле Неделковски, кој потекнува од велешкото село Војница е еден од најистакнатите револуционерни македонски поети помеѓу двете светски војни. Неделковски претставува романтичар со бескрајна љубов кон својот народ и кон неговата борба за слобода и правда.
Во рамки на настанот, клубот на писатели „Коста Солев Рацин” ја додели наградата за животно дело „Коле Неделковки” на македонскиот писател, есеист, критичар, книжевен историчар и преведувач, истражувач на македонската литературна историја, Васил Тоциновски.