По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегации на Општина Велес, Советот на Општина Велес, јавните институции, здруженија на граѓани и политички партии денес положија свежо цвеќе пред споменикот на велешките Илинденци во центарот на градот.
Поради актуелната состојба со Ковид-19, настанот беше организиран согласно насоките и мерките за заштита од ширење на Корона вирусот.