Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/14, 5/16, 142/61, 11/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.275/19 и 14/20), а согласно Правилникот за систематизација на работните места на Општина Велес бр.01-2888/1 од 12.06.2018 година и Правилникот за изменување и дополнување Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Велес бр.2196/1 од 27.05.2021 година.

Секретарот на Општина Велес,  донесе

О Д Л У К А

за  избор на кандидат за административен службеник

по пат на унапредување

 1.Со оваа Одлука се врши избор на извршител на работите на работно место: Виш соработник за примена на прописи, постапки и обуки за човечки ресурси – УПР 01 01В02 000 во Одделението за управување со човечки ресурси, на кандидатот:

  • Зорица Миладиновска

2.Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето и по конечноста на оваа Одлука, Секретарот на општината донесува решение за унапредување на административен службеник.

3.Одлуката за избор се доставува до избраниот кандидат и се објавува на интернет страницата на општината.

О б р а з л о ж е н и е

            Општина Велес спроведе постапка за унапредување на административен  службеник во Општина Велес, за следнoто работнo местo:

Виш соработник за примена на прописи, постапки и обуки за човечки ресурси – 1 извршител.

Интерниот оглас беше објавен на веб страната на Општина Велес на ден 08.06.2021 година. Од страна на посебно формирана Комисија со Решение бр.04-2299/13 од 17.06.2021 година, на ден 22.06.2021 година, во 10:30 часот, во просториите на Општина Велес спроведена е административна селекција. На огласот е пријавен вкупно 1(еден) кандидат, кој ги исполнува општите услови за прием на административни службеници, согласно одредбите од Законот за административни службеници и посебните услови предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Велес и Правилникот за изменување и дополнување Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Велес, по пат на унапредување.

Комисијата за селекција спроведе административна селекција, Записникот бр.04-2299/14 од 22.06.2021 година, спроведе интервју со Записникот за спроведено интервју бр.04-1004/15 од 22.06.2021 година. Од страна на Комисијата за селекција изготвена е финална ранг листа со предлог одлука за избор и му предлага на Секретарот на општината да изврши избор на прво рангираниот кандидат.

Врз основа на изнесеното се одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.

Правна поука: Против Одлуката, има право на жалба, преку Општина Велес, до Агенцијата за администрација, во рок од осум дена (8), од денот на објавувањето на одлуката на веб страницата на институцијата.