Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 139/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19) и член 50 став 13 од Законот за локалната самоуправа, а во врска со објавениот оглас бр.01/2020 (со арх.бр.04-3333/2 од 11.09.2020 година година),
Градоначалникот на Општина Велес ја донесе следната:
О Д Л У К А
за избор на кандидат по Јавен оглас за вработување на неопределено време
1.Градоначалникот на Општина Велес, по спроведената постапка по Јавниот оглас бр.01/2020 (со арх.бр.04-3333/2 од 11.09.2020 година) за прием на работник во работен однос на неопределено време на работно место- Работник за давање податоци-информации, ниво А2, шифра УПР 04 05 А02 013– 4 (четири) извршители, а изврши избор на следните кандидати:
- Слободан Стојановски
- Тони Пановски
2. Врз основа на одлуката за избор со избраните кандидадати наведени во точка 1 од оваа Одлука, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време, по конечноста на оваа Одлука.
3. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Општина Велес на ден 12.09.2020 година објави Јавен оглас бр.01/2020 (со арх.бр.04-3333/2 од 11.09.2020 година) за прием на работници во работен однос на неопределено време на работно место-Работник за давање податоци-информации, ниво А2, шифра УПР 04 05 А02 013–4(четири) извршител, утврдено со актот/систематизацијата на работните места на Општина Велес. На јавниот оглас се јавија 13(тринаесет) кандидати.
Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, ги прегледа пристигнатите пријави и документи и изврши проверка на истите. Од извршената проверка Комисијата спроведе постапката по пристигнатите пријави по огласот и до Градоначалникот на Општина Велес достави со конечна ранг-листа за вршење на избор на пријавените кандидати.
Врз основа на доставениот записник, а согласно член член 23 став 4 од Законот за работни односи и член 50 став 13 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот изврши избор на двајца кандидати и донесе одлука како во диспозитивот.
Правна поука: Против оваа одлука може да се изјави приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на одлуката на страната на Општина Велес.