Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 139/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19) и член 50 став 13 од Законот за локалната самоуправа, а во врска со објавениот оглас бр.01/2020 (со арх.бр.04-3333/2 од 11.09.2020 година година),

Градоначалникот на Општина Велес ја донесе следната:

О Д Л У К А
за неизбор на извршители за вработување на неопределено време

  1. За работно место- Работник за давање податоци-информации, ниво А2, шифра УПР 04 05 А02 013 по објавениот јавен оглас бр.01/2020 (со арх.бр.04-3333/2 од 11.09.2020 година), не се врши избор на два извршители.
  2. Донесената одлука ќе биде објавена на веб страната на Општина Велес.
  3. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Општина Велес на ден 12.09.2020 година објави Јавен оглас бр.01/2020 (со арх.бр.04-3333/2 од 11.09.2020 година) за прием на работници во работен однос на неопределено време на работно место-Работник за давање податоци-информации, ниво А2, шифра УПР 04 05 А02 013–4(четири) извршители, утврдено со актот/систематизацијата на работните места на Општина Велес. На јавниот оглас се јавија 13 (тринаесет) кандидати.

По извршената селекција на пристигнатите документи и пријави по огласот, Комисијата до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со конечна ранг-листа на селектираните кандидати.

Врз основа на доставениот записник, а согласно член член 23 став 4 од Законот за работни односи и член 50 став 13 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот не изврши избор на два извршители и донесе одлука како во диспозитивот.

Правна поука: Против оваа одлука може да се изјави приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на одлуката на страната на Општина Велес.