Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

 

  1. За  планскиот документ Изработка на Детален урбанистички план за Централно градско подрачје на град Велес, опфат помеѓу ул.8ми Септември, ул.Архиепископ Михаил и ул.Коле Неделковски, Општина Велес, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ  бр.199/14, 44/15, 44/15 и 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, за  планскиот документ  Детален урбанистички план за Централно градско подрачје на град Велес, опфат помеѓу ул.8 ми Септември, ул.Архиепископ Михаил и ул.Коле Неделковски Општина Велес, нема да има влијание врз животната средина од следните причини:

– Донесувањето на планскиот документ е од локално значење и опфаќа мала област со вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници 0,80 ха.

– Според горе наведената планска документација на предметниот простор има предвидено намена:

А – Домување

А1 – Домување во станбени куќи;

А2 – Домување во станбени згради;

Во моментот на овој локалитет како намена веќе егзистира зоната на домување.

Со планскиот документ се планира реализирање на проект што не е предвиден со Уредбата за определување на проектите и критериумите врз кои се утврдува потребата за спроведување на постапка за оцена на влијанието врз животната средина.

4. Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.


Одлука
Формулар
ДУП Централно градско подрачје