Врз основа на член 50, став 1, точка 13 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/02),  а согласно член 23 став 1 алинеја 6 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05…..20/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19, 267/20 и 151/21),

Градоначалникот на Општина Велес ја донесе следната

О Д Л У К А

1) СЕ ПОНИШТУВА јавниот оглас за вработување на неопределено време во општинската администрација бр.04-2889/2 од 20.07.2021 година, под точка 1. Назив на работно место – Возач на Градоначалникот, Ниво А2, шифра УПР 04 03 А02 001, Сектор за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологија и поддршка на Градоначалникот-Одделение за поддршка на Градоначалникот, Број на извршители -1(еден ) и под точка 2. Назив на работно место – работник за давање податоци-информации, Ниво А2, шифра УПР 04 05 А02 013, Сектор за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологија и поддршка на Градоначалникот-Одделение за правни и општи работи и месна самоуправа, Број на извршители -2 (двајца).

2) СЕ ПОНИШТУВА Одлуката бр.08-2889/18 од 05.08.2021 година за избор на кандидат по јавен оглас  за вработување на неопределено време.

3) СЕ ПОНИШТУВА Одлуката за избор на кандидати бр.08-2889/19 од 05.08.2021 година за избор на кандидат по јавен оглас  за вработување на неопределено време.

4) Одлуката стапува во сила со денот на донесувањето, истата ќе биде објавена на официјалната веб страната на Општина Велес и ќе се достави до пријавените кандидати.

О б р а з л о ж е н и е

            Во Јавниот оглас за вработување на неопределено време во општинската администрација бр.04-2889/2 од 20.07.2021 за еден извршител Возач на Градоначалникот, Ниво А2, шифра УПР 04 03 А02 001, Сектор за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологија и поддршка на Градоначалникот-Одделение за поддршка на Градоначалникот и двајца извршители – работник за давање податоци-информации, Ниво А2, шифра УПР 04 05 А02 013, Сектор за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологија и поддршка на Градоначалникот-Одделение за правни и општи работи и месна самоуправа, во дневните весници „Нова Македонија“ и „Вечер“ на ден 22.07.2021 година, е определен рок на пријавување по оглас од 5 дена од денот на објавувањето, не сметајќи го и денот на објавувањето во дневен печат.

Со увидот во истиот и разгледувајќи ја целокупната документација констатирано е дека наведениот рок за објавување на огласот е прецизиран од 5 дена од денот на објавувањето, а согласно член 23 став 1 алинеја 6 од Законот за работните односи, јасно е наведено дека рокот за објава не може да биде пократок од 3 работни дена.

Согласно ова, зададениот рок од 5 дена во јавниот оглас не го појаснува законски утврдениот рок од „работни“ дена. На овој начин рокот за поднесување на пријави се скратува, а согласно законската одредба треба да се продолжи за уште 3 работни дена, односно најдоцна до 28.07.2021 година.

Со непрецизирањето на деновите како „работни“ во јавниот оглас се повредува уставното право и преставува суштествена повреда на постапката за вработување која повлекува и последица на ништовност на сите подоцна донесени акти, затоа што временски се ограничува правото на пријавување и на други заинтересирани кандидати.

Како последица на поништување на објавениот Јавен оглас следуваше да се поништи Одлуката за избор на кандидат бр.08-2889/18 од 05.08.2021 година и Одлуката за избор на кандидат бр.08-2889/19 од 05.08.2021 година.

Имајќи го во предвид горе наведеното, а поради суштествена повреда во постапката  по овој јавен оглас, се одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

Правна поука: Против оваа Одлука може да се поведе спор пред надлежен суд, во рок од 8 дена од денот на приемот на истата.