АТЛЕТСКА ТРКА ПО ПОВОД 9 НОЕМВРИ – ПРАЗНИКОТ НА ГРАДОТ

Градоначалникот Колев денеска оствари средба со група на граѓани, атлетичари и иницијатори за одржување на трка со цел да се реализира ноќна трка со која ќе се одбележи празникот на градот, 9-ти Ноември. На атлетската трка се очекува да учествуваат околу 200 учесници од цела Македонија и ќе трчаат на 5 и на 10 километри.…

ВЕЛЕС СО НОВ МУРАЛ

Урбаната естетика во градот, деновиве се збогати со уште еден мурал. Муралот ја претставува песната „Ленка” од великанот Кочо Рацин, преку илустративна визуелизација со цртеж во комбинација со текст. Задолжена за авторската скица и изведбата на муралот е Бранкица Јордановска, дипломирана графичарка на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Текстот од песната претставен на муралот…

Одлука за поништување на јавниот оглас за вработување на неопределено време во општинската администрација бр.04-2889/2 од 20.07.2021 година

Врз основа на член 50, став 1, точка 13 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/02),  а согласно член 23 став 1 алинеја 6 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05…..20/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19, 267/20 и 151/21), Градоначалникот на Општина Велес ја донесе…