Градоначалникот Колев денеска оствари средба со група на граѓани, атлетичари и иницијатори за одржување на трка со цел да се реализира ноќна трка со која ќе се одбележи празникот на градот, 9-ти Ноември. На атлетската трка се очекува да учествуваат околу 200 учесници од цела Македонија и ќе трчаат на 5 и на 10 километри.

Стартот на трката е пред ООУ „Васил Главинов“, со почеток во 19 часот, атлетичарите ќе трчаат околу основното училиште.

Атлетската трка е од хуманитарен карактер. Ќе се собираат донации во финансиски средства во соработка со Општинската организација на Црвен Крст. За кого ќе биде наменета донацијата, ќе се утврдува по завршувањето на атлетската трка.