Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на  РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13,  187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18),

Градоначалникот на Општина  Велес, на ден  15.12.2020 година  донесе

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

  1. За планскиот документ Изработка на Детален урбанистички план за дел од Урбан Блок 56 и дел од УБ 57, Урбана Единица XI, нас.Керамидна, Општина Велес, Предлог план –Плански период  2020-2025, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ  бр.199/14, 44/15, 44/15 и 193/15), потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
  2. Како засегнати органи од имплементација на планскиот документ ДУП за дел од Урбан Блок 56 и дел од УБ 57, Урбана Единица XI, нас.Керамидна, Општина Велес се определуваат следниве: Општина Велес, Министерство за животна срдина и просторно планирање и  Министерство за транспорт и врски.
  3. Изработката на планскиот документ ДУП за дел од Урбан Блок 56 и дел од УБ 57, Урбана Единица XI, нас.Керамидна, Општина Велес ќе има влијаније врз животната средина.
  4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: влијание врз подземни и површински води, влијание врз почва, влијание по однос на генерирање на отпад, влијание врз квалитетот на амбиентниот воздух и влијание од несреќи и хаварии.
  5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавуа на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk
  6. Донесувањето на планскиот документ опфаќа мала област која е од локално значење, а се планираат нови и се потврдуваат и прошируваат веќе постоечките градби со намена: А1-домување, Д2-заштитно зеленило, Е2-Комунална супраструктура (Бензинска станица, Антенски столб и Трафостаници).
  7. Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.