1. За планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објект со намена Г2.1 – Лесна градежна индустрија – База за производство на aсфалт на КП 10455, КО Велес и пристапен пат, Општина Велес кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 44/15 и 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
2. Како засегнати органи од имплементација на планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објект со намена Г2.1 – Лесна градежна индустрија – База за производство на aсфалт на КП 10455, КО Велес и пристапен пат, Општина Велес се определуваат следниве: Општина Велес, Министерство за животна срeдина и просторно планирање и Министерство за транспорт и врски.
3. Изработката на планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објект со намена Г2.1 – Лесна градежна индустрија – База за производство на aсфалт на КП 10455, КО Велес и пристапен пат, Општина Велес, ќе има влијаније врз животната средина.
4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: влијание врз подземни и површински води, влијание врз почва, влијание по однос на генерирање на отпад, влијание врз квалитетот на амбиентниот воздух, влијание од бучава и влијание од несреќи и хаварии.
5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk.
6. Против оваа Oдлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.