Во општинското основно училиште „Васил Главинов“ отворена е сензорна соба за учениците со атипичен развој и потешкотии во развојот.
Сензорната соба е донација на Евангелската црква и пастор Филип Иванов. Градоначачлникот Марко Колев денеска го посети училиштето и се заблагодари за донацијата.
Двајца специјални едукатори и рехабилитатори ќе работат индивидуални третмани со учениците со попречености во зависност од нивните потреби.
Основното училиште е прво општинско со сензорна соба и е лидер во инклузивност во регионот. Ваква сензорна соба веќе има во ОУРЦ „Маца Овчарова“.