Во рамките на посетата на претседателот Пендаровски, градоначалникот Коцевски даде изјава за медиумите во врска со последните случувања со чадот кој се ширеше деновиве од фабриката за масло „Благој Ѓорев“ „Жестоки се реакциите на нашите сограѓани на социјалните мрежи и сосем се оправдани. Во Велес еколошката свест е многу висока и јас целосно ги разбирам. Загадувачот, во конректниот случај фабриката за масло „Благој Ѓорев“ спротивно од одредбите од интегрираната дозвола не ја извести општината за немилиот настан кој се случи во петокот. Во силосите настанал пожар од пелети од лушпа од сончоглед. Исвестени се МВР и ТППЕ, постапено е, но пожарот сеуште тлее, затоа што не може така брзо да се згасне“.