Како поддршка за учениците во услови на Ковид 19, Општина Велес обезбеди 260 таблети кои ќе бидат распределени помеѓу учениците од семејствата кои се во тешка социјална ситуација и не се во можност да ги набават.
„Верувам дека на ваков начин ќе им ја олесниме маката на 260 велешки семејства и ќе го направиме токму она што градот треба да го прави а тоа е да ги поддржува граѓаните на секаков можен начин, особено младите генерации“, рече Градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес конференција.
Според нашите податоци во основните училишта во Велес недостиг на компјутерска опрема пријавиле 127 ученици а во средните училишта 77 ученици. За преостанатите таблети дополнително ќе се анализира состојбата и во централните и во подрачните училишта. Преку програмата за поддршка и интеграција на Ромите на локално ниво Ромактед, Општина Велес обезбеди уште 35 таблети.