Од утре, 16 ноември 2021 година, започнува исплатата на субвенциите за велосипеди и сончеви термални колектори. На осумдесет и седум граѓани кои аплицирале и биле избрани за добивање на субвенции за купени велосипеди ќе им бидат надоместени трошоците во висина од 50 % од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари со вклучен персонален данок на доход.
Исто така на 38 граѓани кои набавиле сончеви термални колектори ќе им бидат надоместени трошоците во висина од 50 % од вредноста на колекторот, но не повеќе од 20.000 денари со вклучен персонален данок на доход.