Со вкупно 47 услуги од различни области на надлежност, Општина Велес предничи во обезбедувањето на услуги кон граѓаните во однос на помалите општини кои обезбедуваат околу 10 услуги. Проектот на граѓанските  организации „Активо“, „Транспарентност Македонија“ и „НВО Инфо центар“ финансиран од Европската Унија покажа дека 66% од граѓаните на Велес се добро информирани за услугите што ги обезбедува општината. 55% се од испитаниците се информираат во Граѓанскиот сервис центар, а 16% на веб страницата на општината. 67% од граѓаните се задоволни од начинот на кој општината комуницира со граѓаните. 33% побарале дополнителни канали на комуникација. 57% од граѓаните се задоволни од добиената услуга, а 86% сметаат дека услугите на Општината не претставуваaт финансиско оптоварување.

Најголем број од граѓаните барале услуги од областа на урбанизмот, комуналната инфраструктура и администрирањето со даноци. Општина Велес е единствената која услугите ги обезбедува со директен пристап на веб страницата и првата која за сите 47 услуги има систем на организирани карти на услуги со корисни информации за граѓаните базиран на меѓународниот стандард ISO 9001:2015. Презентацијата на резултатите од проектот „ГО и медиуми против корупција-Коалиција за нулта корупција“ што се одржа на 24 декември во ресторанот „Глориус“ потврди дека анализата на мислењето на граѓаните е од големо значење за да се работи на постојано подобрување на квалитетот на услугите. Во оваа насока, учеството на граѓанскиот сектор е од големо значење. На презентацијата, недостигот на службеници во одредени области беше посочен како главна пречка за обезбедување на квалитетни и навремени услуги. Во рамките на  проектот спроведен во Велес, Градско, Лозово и Чашка издаден е каталог на услуги во секоја од четирите општини.