Во изминатата недела се регистрирани 8 прекршувања и непочитување на ограничувањата за движење за време на полициски час и за истите е покрената постапка според членот 206 од кривичниот закон. Кон 107 прекршители се изречени платни налози и најчесто сите уредно си ги подмириле со попуст од 50 % во рок од 8 дена, соопшти на денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски.

Се врши редовна контрола на работата на угостителски објекти од страна на СВР Велес и пазарните инспектори. Сите угостителски објекти ги почитуваат препораките со исклучок на кафе бар „Паб“ каде и понатаму се окупира просторот за минување на пешаците. Масите се поставени на несоодветно растојание со што се загрозува здравјето на минувачите и посетителите и поради тоа е издаден налог за решавање на овој проблем.