Пазарот во Нова населба останува затворен. Оваа одлука на Штабот за заштита и спасување, денеска на прес прес конференција ја соопшти градоначалникот Аце Коцевски. Пазарот останува затворен затоа што Штабот оценил дека нема доволна вентилација поради затворениот простор во кој е сместен. Оваа одлука ќе остане на сила до крајот на наредната недела. Градскиот пазар од денес е отворен за продажба на непрехрамбени производи. Коцевски информираше дека тие што ќе работат денес, нема да работат во недела доколку е дозволено да се работи, односно ќе работат наизменично во текот на неделата со цел да не се концентрираат големи групи на лица на едно место. Со цел да се обезбеди повеќе полесно движење на граѓаните ЈКП „Дервен“ ги отвори другите двата влеза на пазарот и ја засили редарската контрола и внатре во пазарот и надвор од него. Надвор од пазарот редарите ќе обезбедуваат растојание од 2 метри помеѓу граѓаните што чекаат, а внатре во пазарот ќе се грижат да не се создаваат турканици покрај тезгите. Коцевски укажа дека задолжителна обврска и на продавачите и на купувачите е да носaт заштитни маски.