Се повикуваат сите заинтересирани жени да се пријават на јавниот повик за ангажирање на Амбасадорки – жени претприемачи, објавен од страна на „Националната платформа за женско претприемништво“ кофинансиран од Европска Унија. Секоја заинтересирана жена со својот личен позитивен инспиративен пример кој го промовира и поттикнува претприемачкиот дух и капацитетите на младите жени може да аплицира на овој повик и да стане Амбасадорка – жена претприемач.
Општина Велес како партнер за соработка на Националната платформа за женско претприемништво го поттикнува и поддржува секој обид младите и креативни жени да ги промовираат своите иновативни идеи преку различни активности за вмрежување, размена на искуства и развој на женското претприемништво.
До јавниот повик за ангажирање на Амбасадорки – жени претприемачи, можете да пристапите на следниов линк: https://bit.ly/3u87sNt