Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес одржа состанок преку интернет врска со повеќе свои колеги градоначалници, претставници на ЗЕЛС и претставници на Mинистерството за здравство, на кој разговараа за подготовките што треба да бидат спроведени, во случај на нов бран на заразени од Ковид-19.
Овие подготовки ќе овозможат создавање на дополнителни сместувачки капацитети во монтажни, модуларни објекти, кои би се поставиле во близина на Општите јавни болници во поголемите градови во земјата, но за точните детали околу тоа треба да се одржат заеднички средби на претставници на Министреството за здравство, Комисијата за заразни болести и претставници на Општите болници за да бидат утврдени клучните детали.