На пет локации во градот денес беа поставени нови велосипедски станици (држачи за велосипеди).
Со оглед на зачестената употреба на велосипедот како алтернативно превозно средство, Општина Велес ја препозна потребата од зголемување на капацитетите за паркирање на велосипеди, но и за изградба на велосипедски патеки, со што ќе им излезе во пресрет на велосипедистите.
Во рамки на Европската недела на мобилност 2020, ЈКП „Дервен” ги направи, а со помош на членовите на ЗГ „Велес Бајкинг” новите држачи за велосипеди денес беа поставени на следните локации:
- Плоштад Сармаале (близу зградата на Централен Регистар);
- На платото пред НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот”;
- Фонтаната „Авона”;
- Во кругот на ССОУ „Коле Неделковски” и
- Општина Велес (административна зграда).
Во следниве денови, Општина Велес ќе изработи и постави повеќе велосипедски станици на уште седум локации низ централното градско подрачје.
Поставувањето на велосипедските станици овозможува подобрување на велосипедската инфраструктура и условите за користење на велосипед, со цел поттикнување што поголем број граѓани, особено младите, да го користат велосипедот како основно превозно средство.