На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес извести за донесените заклучоци од единаесеттата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување.
„Претставниците од надлежните јавни здравствени институции и од Министерството за внатрешни работи известија дека вкупниот број на заболени во Општина Велес изнесува 93 и две лица во Општина Чашка. Од овие вкупно 95 регистрирани лица, 44 се целосно оздравени, 47 активно болни, четири лица се починати, од кои едното лице во текот на вчерашниот ден”, изјави градоначалникот и додаде дека вкупниот број на новозаболени лица за денес, 7 мај, изнесува девет.
28 сограѓанки и сограѓани се наоѓаат на домашно лекување, 21 се лежечки болни пациенти на Инфективното одделение во Општата болница, од кои 20 лица се позитивнина вирусот, а едно на лице ќе се направи контролен тест, затоа што не е потврдено дали е заболен со Ковид-19.
48 сограѓани во месец април и 11 во месец мај, односно до вчера не ги почитувале мерките за забрана за движење за време на полициски час и за нив Министреството за внатрешни работи има поднесено прекршочни пријави.
Шест лица, пак, се наоѓаат во задолжителен домашен карантин по нивното враќање од странство.
Заклучно со вчерашниот ден, Општинската Организација на Црвениот крст од Велес подели 112 пакети со прехранбени производи, наменети за сограѓанките и сограѓаните од ромската заедница, а 45 денес ќе се достават, кои се обезбедени од Црвениот крст на државно ниво и Фондацијата „Отворено општество Македонија”.
Волонттерите од мобилните тимови извршија достава на храна и лекови по пет добиени повици, а психосоцијална помош е пружена на шест лица, додека пак лекарот волонтер извршил два прегледи.
ЈКП „Дервен” континуирано спроведува акции за дезинфицирање и чистење, како и уредување на зелените површини во општината, а припадниците на Министерството за внатрешни работи редовно ќе вршат контроли во врска со применувањњето на мерките за заштита од коронавирусот. „Во соработка со претставниците на здравствените институции и од ЈКП ‘Дервен’ се договоривме да донесеме конечна одлука и да процениме дали од вторник би можеле да го отвориме за работа малиот пазар во Нова населба, со презмеање на заштитни мерки и дали е зрела состојба да се отвори и горниот дел од Градскиот пазар за да се вратат во работа и продавачите кои продваат непрехранбени производи” истакна Коцевски.