Општина Велес во соработка со припадниците на МВР СВР – Велес ги интензивираат мерките за справување со коронавирусот и заштита на здравјето на граѓаните.
За таа цел на поставените контролни пунктови на влезовите во Велес се врши контрола и дезинфекција на сите моторни возила кои влегуваат и транзитираат низ градот.
Оваа активност започна во текот на минатата недела, но интензивно продолжува и денес, а ќе се реализира и во периодот кој доаѓа.
Активностите за чистење и миење на улиците, како и дезинфицирањето на возилата на влезовите во градот се интензивирани како резултат на ширењето на COVID – 19 (коронавирус), со цел да се обезбедат почисти улици и населби, но пред сè заштита на жителите на Општина Велес.