Градежните работи за изградба на потпорен ѕид кои се одвиваат на улица „Богдан Каракостев” продолжуваат и овие денови.
Завршено е бетонирањето на првата половина од ѕидот во должина од единаесет метри, а во позадината на ѕидот се изврши насипување.
Во тек се градежните работи на втората кампада (вториот дел), со што проблемот со кој се соочуваат жителите од овој дел од градот целосно се решава.
Иако условите за изведување на работите се исклучително тешки, отстранети се опасностите по безбедноста на минувачите, а со тоа значително се подобрува квалитетот на живот на жителите од улицата „Богдан Каракостев”.
Потпорниот ѕид е со висина од околу 3,50 метри и должина од 28 метри.