Второто издание на најновото поетско остварување ,,21″ од меѓународно признатиот поет Игор Крајчев од Велес, вчеравечер беше промовирано во Локалната библиотека ,,Гоце Делчев”.
Пред големиот број присутни, промотивни говори за претставникот на новата генерација поети од Велес, добитник на наградата „Јован Котески 2019”, но и на многу други престижни награди, со повеќе објавени книжевни дела одржаа проф. д-р Кристина Николовска и проф. д-р Венко Андоновски.
„21” е во издание на издавачката куќа „Матица”, на македонски и англиски јазик, во препев на Сандра Нешова Крајчев. Стихови на македонски јазик читаше актерката Талија Настова, а програмата беше збогатена и со музичкиот настап на професорите од општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов”.
Значајните успеси на вистинските амбасадори на велешката култура и уметничко богатство Општина Велес ги поддржува, а и понатаму ќе се заложува истите да бидат признаени и достоинствено презентирани пред пошироката јавност.