По повод 9 Ноември, Денот на Општина Велес, денес беше пуштен во употреба новоизградениот парк во Комплекс УЗУС.
Граѓаните од овој комплекс на згради добија нов парк. Паркот се простира на површина од 6000 м2, хортикултурно уреден, со изградена нова пешачка патека во должина од 370 метри и внатрешни патеки со должина од 300 метри. Поставено е осветлување со 20 канделабри, урбана опрема, нови клупи, корпи за отпадоци, детски реквизити и справи за вежбање.
Повеќе од 2000 велешанки и велешани од овој дел на градот добија уреден простор за одмор и рекреација.
Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, кој потенцираше дека и во иднина Општина Велес ќе посветува внимание на градското зеленило и ќе ја зголемува парковската површина.
Општина Велес одвои 4,500,000 денари од сопствениот буџет за изградба на овој парк.