Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на денешната прес конференција сподели значајна информација за жителите на населените места Раштани и Бузалково.
„Министерството за транспорт и врски нè исвести дека е одобрен проектот ‘Изградба на водоснабдителен систем на населените места Раштани и Бузалково од водоводниот систем на град Велес’ на кој проектираната цена е 43.695.280,00 денари (710.492,40 евра), a e финансиран од Европската Инвестициона Банка”. Коцевски ја објасни процедурата околу јавната набавка за избор на најповолен изведувач и објасни дека Министерството за транспорт и врски треба да ја распише истата, по што ќе следи јавна набавка за избор на најповолен надзорен орган при изведување на работите, за да може да се потпише договор со изведувачот.