Граѓанската организација НВО Инфо центар ги објави резулатите од анкетата на 1102 испитаници во рамките на проектот „Рефлектор на антикорупциските практики на локално ниво“ поддржан од УСАИД. Според испитаниците најжешки точки во битката против корупцијата во општините се: вработувањата, (66%), назначувањето директори на јавните претпријатија и други институции (66%), издавањето градежни дозволи (62%), спроведувањето инспекциски надзор (61%), подготовката на деталните урбанистички планови (59%), спроведувањето јавни набавки (59%), доделувањето субвенции (59%) и наплатата на даноците (56%).
Во однос на работата на градоначалниците, 38% од граѓаните сметаат дека градоначалникот во нивната општина одлично си ја врши својата работа, Највисока оценка на своите градоначалници им дале жителите на Вардарскиот, Североисточниот и Југоисточниот регион, додека помалку задоволни се жителите на Скопскиот, Пелагонискиот и Полошкиот регион.
Во рамките на овој значаен проект, Општина Велес е посочена како добар пример на општина која презема конкретни мерки во борбата против корупцијата. Како добар пример Општина Велес и Градоначалникот Аце Коцевски беа вклучени и во прилогот посветен на овој проект и борбата против корупцијата на локално ниво во рамките на емисијата „360 Степени“, на телевизија „Алсат М“, емитувана на 25 мај годинава.
Како што напомена Градоначалникот Аце Коцевски при средбата со новинарите на „ТВ Алсат М“ во Велес, битката против корупцијата ќе биде особено важна во рамките на предпристапните преговори со ЕУ. Тој напомена дека не случајно, Општина Велес со години е посветена на борбата против корупцијата, ефективноста и ефикасноста на услугите за граѓаните, а особено транспарентноста и финансиската отчетност како главни алатки за превенција на корупцијата.
Линк до истражувањето на граѓанската организација „НВО Инфо центар“- Скопје – https://bit.ly/2X3reuh
Прилогот можете да го видите на следниот линк: