Општина Велес ја известува јавноста дека започна со отстранување на објектот на поранешниот АТД Диспанзер за белодробни заболувања – Велес на улица „Наум Наумовски Борче” кој е надвор од употреба.
Парцелата на која се наоѓа зградата на Диспанзерот се адаптира во привремен паркинг простор, при што Велес ќе добие нов простор за паркирање за 100тина возила, на површина од околу 1200м2. Со оваа постапка делумно се решава проблемот со недостаток на паркинг места во овој дел од градот кој е густо населен.
Воедно, Општина Велес упатува апел до граѓаните кои имаат бесправно поставени гаражи во близина на зградата на Диспанзерот да ги отстранат за време на викенд деновите (сабота, 12 септември и недела, 13 септември 2020 година) со цел непречено одвивање на градежните работи.