Општина Велес ги известува граѓанките и граѓаните дека поради оштетени светлечки кордони на новогодишната елка во Младински парк, од страна на несовесни граѓани, истата повеќе не е безбедна за посетителите на паркот.
Поради тоа службите на Општина Велес ќе извршат исклучување на новогодишната елка, а во текот на наредните денови, во зависност од временските услови, ќе се изврши и демонтажа на елката.