Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Велес за 2020 година со Одлука бр бр. 25-4504/5 од 15.11.2019 година, од Советот на Општина Велес,  Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна презентација и јавна анкета

По

Предлог  ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА КП 16955/2 И КП 16956 ЗА КО ВЕЛЕС, ОПШТИНА ВЕЛЕС

Граници на опфатот се :

  • На север граничи со ул.Андон Шурков
  • На запад граничи со КП 16955/1 односно Електро Велес согласно ГУП
  • На југ граничи со ул.бр “8”
  • На исток граничи со КП 16906/4 и КП 16906/1 односно Метална индустрија Браќа Кошулчеви согласно ГУП

Опфатот е со површина од 3,13 ха

Јавната анкета и Јавната презентација по Предлог ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА КП 16955/2 И КП 16956 ЗА КО ВЕЛЕС, ОПШТИНА ВЕЛЕС, ќе се спроведе со објавување Соопштение во информацискиот систем е-урбанизам како и во две јавни гласила и со излагање на Предлог планот во Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес.

Јавната анкета ќе трае 10 работни дена, од 10.08 до 21.08 2020 год., од 7,30 до 15.30 часот во просториите на Општина Велес.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 14.08 2020 година во 10:00 часот во просториите на Општина Велес.