Општина Велес денес започна со реконструкција на водоводната линија на улица „Даме Груев“.
Општина Велес ги известува жителите од овој дел на градот дека динамиката на изведување на работите на терен се одвива според конфигурацијата на теренот, но и во зависност од временските услови. За време на изведување на градежните активности ќе се применува времен режим на сообраќај.
Општина Велес апелира до граѓаните кои сообраќаат на овој патен правец за внимателно возење, внимателно движење на пешаците во зоната на изведување на градежните работи, како и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.